Ферстапен добил понуда од 264 милиони евра да го напушти Ред Бул

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен оваа сезона не е доминантен како во претходните години, па поради тоа се шпекулира дека ќе го напушти Ред Бул.

„Газета дело Спорт“ објави дека Астон Мартин му понудил 264 милиони евра за тригодишен договор на Ферстапен.

Понудата на Астон Мартин важи за 2026, 2027 и 2028 година, а тимот очигледно не планира да штеди пари за потписот на Холанѓанецот.

Ферстапен во моментов заработува околу 50 милиони евра по сезона, а со ова би добил околу 88 милиони евра годишно.