Нејмар чека повик од Барселона, но Флик има други желби

Бразилскиот репрезентативец Нејмар јасно покажа желба да се врати во каталонскиот гигант Барселона, каде што играше пред да замине во ПСЖ.

Нејмар гори од желба да го облече дресот на каталонскиот гигант, а новинарот Фабрицио Романо открива дека тој сака да се врати во Барселона, но тренерот Ханси Флик има други желби.

Барселона во моментов разгледува други опции како потенцијални засилувања во летниот преоден рок и засега не се разговара за ангажирање на Нејмар.