
На Јунајтед и Лион малку има беа 180 минути, ќе играат и продолженија (ВИДЕО)
Во Лион беше 2-2, а истиот резултат е постигнат и вечерва на Олд Трафорд и покрај тоа што Јунајтед водеше со 2-0 по првото полувреме. Резултатот го отвори Угарте во десеттата минута, а во судиското надополнување на времето Дало ја удвои предноста и се чинеше дека таа ќе биде доволна за пласман во полуфиналето.
Сепак, по еден час игра, Лион се разбуди и почна да напаѓа, а до резултат за продолженија стигна во период од само седум минути. Во 71. Толисо го израмни резултатот по една мешаница во противничкиот шеснаесетник, а во 78. Таљафико го совлада Онана и израмни на 2-2. Во продолженијата, Лион ќе биде хендикепиран бидејќи Толисо доби црвен картон во финишот од основниот дел.
Дополнителни 30 минути ќе се играат и во Рим бидејќи Лацио со идентични 2-0 го победи Бодо. Голот за продолженија го постигна Нослин во 93. минута, па калчолигашот се спаси од елиминација во оваа фаза.
Засега се познати само два полуфиналиста, Атлетик Билбао го победи Ренџерс со 2-0, а Тотнем славеше кај Ајнтрахт со 1-0.
фото: EPA PHOTO