Верност на дело: Панатинаикос за 48 часа ги продаде сите сезонски билети

Додека се подготвува за завршницата од оваа сезона, Панатинаикос веќе ги продаде сите претплатни билети за идната натпреварувачка кампања.

Верноста на навивачите кон актуелниот европски шампион се покажа со тоа што атинскиот клуб околу 15 илјади сезонски билети, а остатокот од околу 4.000 ќе бидат пуштени во слободна продажба, пред натпреварите. 

Панатинаикос е трет најгледан тим во Евролигата оваа сезона со вкупно 292.670 гледачи на своите натпревари на домашен терен, а пред него се само Партизан и Црвена Звезда.