
Газели Волеј и Пелистер Волеј изборија место во првата лига!
Двата тима оваа сезона доминираа во второлигашката конкуренција, а по синоќешното затворање на првенството и официјално го заверија местото меѓу најдобрите.
Газели Волеј како први одат во ранг погоре, тие имаа 20 победи од исто толку одиграни натпревари. Загубија само три сета во целата сезона.
Пелистер Волеј го освои второто место, единствените два порази оваа сезона ги имаше од Газели Волеј.
Екипите на Бами Кор и Вардар Жени 2019, пак, кои финишираа како трето, односно четврто рангирани на второлигашката табела ќе играат бараж за влез во Првата лига. Противници во баражот ќе им бидат седмо и осмопласираните екипи од Првата лига, Струмица жени, односно Ускана.
Првиот бараж натпревар се игра на 23 април (среда) кога Бами Кор ја пречеккува Ускана, додека Вардар Жени 2019 ќе игра со Струмица жени. Реваншите се предвидени за 26 април (сабота) по кој ќе бидат познати сите ученици во Првата и Втората женска лига за следната сезона.