Работнички ја доби мајсторката со Наковски Волеј и ќе ја брани титулата!

Одбојкарките на Работнички Скопје со 3-0 (25:17, 25:23, 25:23) ја совладаа екипата на Наковски Волеј и се пласираа во финалето од Првата женска лига.

Работнички забележа уште една победа и со вкупни 2-1 во остварени триумфи го помина ривалот за влез во големото финале.

За разлика од претходните два натпревари од серијата кога победникот беше познат дури по пет сета, во третото соочување во „Борис Трајковски“, Работнички беше убедлив и со максимални 3-0 го совлада противникот.

Работнички Скопје во финалето ќе се соочи со Јанта Волеј КВ, кој со 2:0 во победи го елиминираше Фит Фан Волеј.

Финалната серија кај дамите стартува на 26 април (сабота) и се игра во три добиени натпревари.