Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ!

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на Кјелце кого го победија со 37-29, а сега го дознаа и наредниот противник, последен до место на фајнл-фор турнирот, тоа е тимот на Динамо Букурешт.

Динамо Букурешт со 31-28 ја совлада екипата на Висла Плоцк и закажа меч со Пелистер.

Натпреварот меѓу Пелистер и Динамо ќе се одигра во петок во Букурешт со почеток од 18 часот.

Ако Пелистер го победи романскиот противник ќе се пласира на завршниот турнир во малдинската Лига на шампиони