Чудо во Шпанија: Барселона на колена пред Карапалевски и Димитриоски!

Македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски станаа дел од историски резултат во АСОБАЛ-лигата, откако заедно со Ваљадолид ја совладаа Барселона со 26-24.

Барселона важи за еден од најдоминантните тимови во Шпанија во последните години, но во изминатиот период се наоѓа во криза, односно запиша два порази на последните три меча, од кои едниот е од екипата на Димитриоски и Карапалевски.

Карапалевски успеа да постигна три голови против Барселона, додека Димитриоски запиша еден погодок против Барселона.

Ваљадолид се наоѓа на четвртата позиција со 32 бодови, додека Барселона е лидер со 46 поени во АСОБАЛ-лигата.