Милојевиќ: Ова беше натпревар со многу емоции, се надеваме на ново гостување со друг повод

Црвена Звезда славеше против Вардар со 3-1 на Националната Арена „Тодор Проески“ во хуманитарен натпревар, а по мечот изјава даде тренерот на српскиот тим Владан Милојевиќ.

Милојевиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

„Сите знаете зошто игравме денеска. Сакам да изразам сочувство на настраданите во трагедијата и да посакам такво нешто никогаш да не се случи никогаш повеќе. Сакам да се заблагодарам на нашиот клуб што на иницијатива на легендите Панчев и Најдоски прифати да се одигра еден ваков натпревар. Звезда денеска гостуваше тука по 30 години на овој стадион кој го носи името на можеби мојот омилен пејач Тоше Проески. Сакам да ги поздравам и навивачите на Вардар кои цел натпревар навиваа за својот клуб и направија една фантастична атмосфера. Иако резултатот беше во втор план и овој натпревар го гледавме како можност за подготовка за она што ни следи, а тоа е Купот на Србија. Се надевам дека некој нареден пат ќе дојдеме тука повторно и ќе одиграме натпревар по некој друг повод“, кажа Милојевиќ.