Барса ѝ честиташе на Борусија, „милионерите“ порачаа: Освојте ја титулата! (ФОТО)

Фудбалските клубови Барселона и Борусија Дортмунд покажаа што значи ферплеј во европскиот фудбал.

По 180 минути епска битка и осум постигнати гола, синоќа си честитаа преку социјалните мрежи за она што го прикажаа во Барселона и Дортмунд.

„Вечерва ни ги отежнавте работите, бевте одличен противник. Среќно во продолжение од сезоната и се гледаме следниот пат“, напиша Барселона на Твитер на што следеше одговор од германскиот клуб: „Освојте ја титулата“.

Оваа сезона Барса и Борусија се сретнаа три пати и вкупно постигнаа 13 гола. Шпанскиот тим оствари две победи, а германскиот една, но во полуфиналето ќе игра Барселона.