
Ти-Џеј Шортс го однесе Париз во плеј-оф, елиминација за Црвена звезда!
Денеска се играа плеј-ин натпреварите од кошаркарската Евролига, место во плеј-офот обезбеди Париз кој како главен мотор го имаше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.
Шортс беше убедливо најефикасниот во составот на Парис со 23 поени, Хифи реализираше 15, во составот на Реал Мадрид Кампацо постигна 17.
Париз оди во плеј-офот на мегдан против Фенербахче, а Реал Мадрид ќе има уште една шанса да ја продолжи сезоната во Евролигата.
Тие ќе играат со Баерн Минхен кој денеска беше подобар од Црвена звезда со 97-93 во меч со едно продолжение.
Звезда во регуларниот тек се спаси од пораз со кош на Петрушев во последните секунди, но Баварците беа подобри во продолжението и на крајот се радуваа на победата.
Најефикасен кај Баерн беше Букер со 21 поен, Едвардс постигна 17, во составот на Црвена звезда убедливо најдобар беше Петрушев со 30 поени, 20 постигна Калиниќ.