
Федедер и Надал во нова пресметка, но не на тениски терен
Двајцата би можеле повторно да се соочат, но сега не на тениски терен, туку на Мастерс турнир во голф. Новинарот на ЕСПН, Џон Сатклиф предложи ваков дуел, а Федерер веднаш прифати.
„Би требало да играме. Многу пати сме играле еден против друг низ годините“, рече Федерер, но на смеа, па прашање е колку беше сериозен.
Тој откри дека година и пол тренира голф и со задоволство игра, но само за свој мерак и досега не учествувал на турнири.