
Јунајтед пак ќе го засилува нападот - сега го сака фудбалерот на Баер
Следен приоритет за клубот од Олд Трафорд е чешкиот репрезентативец Патрик Шик кој игра одлично во тимот на Баер. Искусниот голгетер има голема желба да заигра во Премиер лигата и покрај тоа што доби понуди од Саудиска Арабија, а отштетата која ќе ја бара Баер за него изнесува меѓу 25 и 30 милиони евра.
Шик игра во Баер од 2020 година, а во тековната сезона, на 26 натпревари во Бундеслигата постигна 17 гола.