
Јавно извинување до довчерашниот тренер на Денвер: Не заслужи отказ!
Екипата оттогаш забележа три победи по ред и обезбеди пласман во плејофот и тоа од четвртата позиција што значи дека ќе има предност на домашен терен во првата рунда, но и понатаму, главна тема во тимот е заминувањето на тренерот. Кренке на прес-конференцијата му се извини на Мелоун, но призна дека одамна сакал да го отпушти што предизвика чудење кај цела кошаркарска јавност во САД.
„Ниеден од нив двајца не заслужи отказ и јас се извинувам за тоа. Морац да бидам подобар во одредени моменти. Некаде околу Денот на благодарноста почувствував дека работите не одат во насоката која ја сметав за прифатлива. Што ќе беше полудо, да го направев она што го направив минатата недела или кога екипата беше во серија од осум победи?“, рече Кренке.
За нов тренер беше назначен досегашниот помошник Дејвид Аделман, додека Бен Тензер ќе биде привремен генерален менаџер.