Партизан падна во Подгорица, Будуќност е осамен на врвот!

Будуќност со 81-77 го победи Партизан во дербито од АБА лигата, црногорскиот тим се искачи на водечкото место на табелата.

Рамноправно беше само во првата четвртина во која двете екипи се менуваа во водство, а домаќините ги добија тие десет минути со 21-20.

Во вториот период Будуќност се одлепи и на одморот замина со предност од 43-33. Високото водство го одржуваше и во третиот период, а во последните десетина минути црно-белите успеаа само да ја намалат негативата на четири разлика за конечна победа на противникот од 81-77.

Најефикасен кај Будуќност беше Рајт со 17 поени, Морган даде 14, најдобар стрелец на Партизан, а и на мечот беше Џонс со 23 поени.

На три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната во АБА, прв е Будуќност со 51 поен, пред Партизан кој има 50 и Дубаи со 49. 

Црногорскиот тим скоро сигурно ќе ја задржи првата позиција бидејќи во меѓусебните натпревари е подобар од Партизан, а во последните три кола има и полесен распоред од црно-белите.