Пријателот на Перо Антиќ доби отказ, еден ден по завршувањето на сезоната во НБА

Синоќа заврши основниот дел од сезоната во НБА, а денеска веќе падна првата жртва меѓу тренерите.

Без работа остана досегашниот предводник на Феникс Санс, Мајк Баденхолзер откако тој не успеа да го однесе тимот во доигрувањето и покрај тоа што во своите редови има голем број ѕвезди и некои од најдобрите играчи во лигата. Феникс ја заврши сезоната на 11 позиција во Западната конференција со биланс 36/46.

 

 

Баденхолзер, кој своите најголеми успеси ги имаше во Милвоки Бакс со кого освои титула во 2021 година, Феникс го презеде минатото лето, но не успеа да ги повтори резултатите од претходниот тим. Санс ќе имаат доволно време да најдат соодветна замена која ќе го однесе тимот во плејофот имајќи предвид дека новата сезона почнува дури во октомври.

Искусниот стручњак му беше тренер на Перо Антиќ додека нашиот кошаркар настапуваше во НБА лигата, во Атланта Хоукс пред една деценија и двајцата останаа блиски и откако актуелниот претседател на КФМ си замина од САД. Дури, минатото лето Антиќ беше кај него на тренерска обука за време на Летната лига што се одржуваше во Лас Вегас и се наоѓаше во стручниот штаб на Баденхолзер.