Трајковски: Ние сме Хајдук и секогаш одиме на победа

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е херој на Хајдук откако денеска му донесе бод со гол во 98. минута од дуелот против Локомотива на домашен терен.

Нашиот фудбалер ретко добива шанса оваа сезона, неодамна се шпекулираше дека сигурно ќе си оди на крајот од сезоната бидејќи Гатусо не смета на него, но ја искористи можноста да постигне гол и да ги израдува фановите на сплитскиот тим. По мечот, раскажа како се чувствувал додека се обидувал да му донесе израмнување и бод на Хајдук.

„Кога ќе дојдеш во таква ситуација, мораш да ја читаш играта, одев на чувство, барав простор на втората статива. Успеавме да освоиме бод, барем на загубивме, а се надевам дека во иднина ќе добијам поголема минутажа и ќе продолжам да играм добро. Ние сме Хајдук, секогаш одиме на победа и така ќе одиме до крајот на сезоната“, рече Трајковски.

На седум кола пред крајот на првенството, Хајдук заостанува еден бод зад Ријека, но има уште многу тешки натпревари.