Двајца кандидати за следната борба на Волкановски! (ВИДЕО)

Александар Волкановски со победата против Диего Лопез го врати шампионскиот појас во УФЦ, а веднаш почнаа шпекулациите за неговиот следен ривал во рингот.

„Фокс Спорт“ објави дека постојат двајца кандидати за следната борба на Волкановски, а тоа се Јаир Родригез и Мовсар Евлоев.

„Јаир е одличен. Слушнав дека сака да се бори за титула. Тој е добар борец, ми се допаѓа. Ако сака УФЦ да се бориме, нема да се противам. Исто така, постојат момци како Мовсар кои немаат пораз. Би сакал да бидам првиот кој ќе го совлада“, кажа Волкановски.