
Артета го избрал составот со кој Арсенал ќе истрча вечерва
Арсенал има огромна предност од 3-0 по првиот натпревар на свој терен, меѓутоа Реал Мадрид е тим кој во Лигата на шампионите никогаш не смеете да го отпишете.
Артета пред натпреварот соопшти и добри вест.
„Бен Вајт тренираше. Томас Парти исто така е на располагање. Тој е добро по неколку дена“, изјави шпанскиот стратег.
Од друга страна Жоржињо нема да истрча во Мадрид.
„Ми кажа дека не дише како што треба, изгледа дека има проблем со ребрата“, додаде Артета на вчерашната прес-конференција.
Според тоа медиумите на Островот го најавуваат и составот со кој Арсенал се очекува да настапи (4-3-3): Раја - Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели - Одегард, Парти, Рајс - Сака, Мерино, Мартинели.
Натпреварот се игра во терминот од 21:00 часот.