
Најомразениот жител на Далас не се (пре)дава: Не жалам што го трејдував Дончиќ!
Тој смета дека со доведувањето на Ентони Дејвис, тимот повторно станал конкурентен за шампионската титула во НБА.
„Историјата ќе покаже дали сме биле во право. Тим со Кајри Ирвинг, Клеј Томпсон, Пи-Џеј Вашингтон, Ентони Дејвис и Дерек Лајвли е кандидат за титула. Иако навивачите беа вознемирени поради трејдот на Лука, нема да бидат разочарани ако ги видат резултатите“, рече Херисон на својата прва прес-конференција по големиот трансфер.
Сепак, веднаш по доаѓањето во Далас, Дејвис се повреди во својот деби натпревар, а уште поголем удар за Маверикс беше повредата на Кајри Ирвинг, кој го скина предниот вкрстен лигамент на левото колено.
„Не жалам за трејдот. Мојата работа е да донесувам одлуки што се најдобри за иднината на Маверикс. Некои од нив нема да бидат популарни, но тоа е дел од оваа работа“, истакна сега Херисон.
Дејвис, десеткратен Ол-стар и шампион со Лејкерс во 2020 година, трипати беше избран во најдобрата дефанзивна петорка на лигата и три пати беше лидер по блокади. Херисон верува дека токму неговите дефанзивни квалитети се клучни за остварување на целите на тимот.
„Нашата филозофија е дека одбраната носи титули. Затоа сакавме играч кој е доминантен на двете страни од теренот, а тоа е Ентони Дејвис“, додаде тој.
Иако остана без Дончиќ и се соочи со сериозни повреди, екипата на Далас сезоната ја заврши на 10. место во Западната конференција со скор 39-43. Шанса за влез во плејофот ќе бараат преку плеј-ин турнирот, во кој ноќеска ќе играат против Сакраменто кингс.
ФОТО: NBA.COM