
Крилата Георгиевски и Ќосевски и наредната сезона во Вардар!
Информација за продолжувањето на соработката ја потврди Вардар со објава на социјалните мрежи.
„Двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите и во следната сезона ќе настапуваат за Вардар. Клубот работи на формирање на тимот што следните сезони ќе се натпреварува, а двете домашни крила се дел од оние играчи со кои се продолжени договорите“, објави Вардар.
Дресот на Вардар Георгиевски го носи од 2020 година, а во кариерата претходно беше дел од ЧСМ Букурешт, Феникс Тулуз и Металург.
Ќосевски од друга страна е дете на Вардар и пред доаѓањето во редовите на „црвено-црните“ ги бранеше боите на Вардар јуниор и Работнички.