По хаосот во Рим: Серија А донесе важна одлука за наредната сезона

Натпреварите со висок ризик во италијанското фудбалско првенство од наредната сезона повеќе нема да се играат во вечерните термини, одлучи Министерството за внатрешни работи како одговор на насилството кое го донесе римското дерби помеѓу Рома и Лацио.

Рома и Лацио својот натпревар го одиграа изминатиот викенд, а истиот донесе и големи инциденти во кои беа повредени 24 полицајци.

„Во текот на сезоната 2025/2026 нема да биде дозволено натпреварите со висок ризик да се играат во вечерните термини како што беше случај со дуелот помеѓу Рома и Лацио“, стои во соопштението.

Исто така медиумите на Апенините пишуваат и дека се донело одлука и за забрана на навивачките групи на двата римски клуба да патуваат на следните три гостувања на нивните тимови.