Хаос во Рим: Хулиганите на Рома и Лацио имале жесток судир со полицијата (ВИДЕО)

Викендов во Италија се играше градското дерби помеѓу Рома и Лацио кое донесе големи инциденти и хаос на улиците, а сега се огласи и градоначалникот на градот.

Во судирот помеѓу хулиганите и полицијата биле повредени 24 полицајци, но и се направила материјална штета од 40.000 евра.

„Згрозен сум. Неприфатливо е хулиганите од еден фудбалски натпревар да прават место за урбана војна“, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гуатијери.

Околу 2.000 полицајци биле стационирани на различни точки околу Олимпискиот стадион во Рим, а конфликтот започнал кога навивачите на Лацио се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.

Двата клуб изразија солидарност со повредеите полицајци и го осудија насислството. Натпреварот на теренот заврши без победник 1-1.