Наполи го совлада шампионот Бург, солиден настап на Јакимовски
По големата борба во првите 10 минути (19-17), Наполи се разигра и стигна до предност од 47-37 на полувреме.
Наполи на стартот на вториот дел ја контролираше играта и го зголеми водството на „плус 15“, по што Бург во завршницата се бореше да избегне катастрофа и на крајот намали на 76-84.
Македонскиот кошаркар имаше солиден настап за Наполи и за 22 минути поминати на теренот постигна 11 поени, четири скокови и една асистенција.
Фото: Facebook/Aquila Basket Trento