Левандовски пред уште еден голем предизвик - 100 гола во дресот на Барса
На напаѓачот на Барселона му е потребен еден гол за да стигне до бројката од 100 во дресот на каталонскиот тим и тоа за помалку од три сезони. Левандовски дојде во Барса во 2022 година од Баерн и досега освои три трофеи, а сезонава веќе ја мина границата од 40 гола. За магичната „стотка“ му треба против Леганес на кого уште не му ја тресел мрежата, но мора да се знае дека играше само еден меч, оној во првиот дел од сезоната и тогаш влезе во игра во 66. минута, на местото на Феран Торес. Не е исклучено и вечерва да биде резерва бидејќи Ханси Флик најави ротации пред реваншот против Борусија Дортмунд.
Ако успее во својата мисија, Левандовски ќе стане само 18. фудбалер во историјата на Барселона кој постигнал троцифрен број голови. Претходно, тој ја мина границата од 100 гола и во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.