
Македонските тенисерки го декласираа Косово во БЏК купот!
Магдалена Стоилковска славеше против Веса Ѓинај со 2-1 во сетови, односно 2-6, 6-4 и 6-2, додека Лина Ѓорческа со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-0 ја декласира Форта Морина.
Третата победа на Македонија ја обезбедија Јана Божиновска и Ана Митевска во двојки откако ги совладаа Аја Броки и Адријана Лекај со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 7-5.
Македонија во групата Ц оствари две победи, односно славеше против Јужна Африка и Косово, додека загуби од Норвешка.