Бесниот Белингем со клоци удри по ВАР опремата! (ВИДЕО)

Во саботата Реал Мадрид на свој терен доживеа изненадувачки пораз од Валенсија во Ла Лига, па сите во таборот на кралскиот клуб беа нервозни и разочарани.

Своето расположение најсликовито го искажа Џуд Белингем кој на патот кон соблекувалната удри во ВАР опремата која се наоѓаше пред влезот во тунелот.

Реал Мадрид загуби три драгоцени бода кои на крајот може да се покажат и како клучни за титулата во Ла Лига.