Ивановски одличен на полумаратонот во Белград - го освои четвртото место!

Македонскиот натпреварувач го освои четвртото место на полумаратонот кој се одржуваше во Белград.

Ивановски делницата од 21.097 километри ја истрча за еден час, седум минути и 22 секунди што беше доволно да се пласира на четвртата позиција.

На трката доминираа маратонците од Африка, меѓутоа Ивановски одлично парираше.

Победник беше Муалуко Михаел од Кенија со време од 1:03.38, а зад него следуваа Демис Анегаренг Гамед и Абдел Годан Гемеда.

На полумаратонот учествуваа 3.681 натпреварувачи од над 100 земји, па секако е одличен успех што македонскиот атлетичар заврши како најдобар од Европа.