Германците доминираа на големата скокалница – ги освоија сите три медали!

Германецот Јоханес Ридзек освои златен медал во нордиска комбинација на големата скокалница и скијачко трчање на десет километри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг додека до сребрен и бронзен медал исто така стигнаа германски натпреварувачи.

Ридзек, кој од ЗОИ во Ванкувер има бронзен медал, а од ЗОИ во Сочи има сребрен медал, во Јужна Кореја стигна до првиот златен медал за време од 23:35,5 минути.

Сребрен медал освои неговиот сонародник Рисле, кој беше побавен за четири десетинки, а до бронзениот медал стигна Френсел, кој за осум десетинки беше полош од Ридзек.

Германскиот успех е уште поважен ако се знае дека последен пат Норвешка во 1936. година на ЗОИ успеа да ги освои сите три медали во индивидуална конкуренција додека во 1976. Тоа им успеа на Германците, но тогаш два натпреварувачи беа од Западна Германија, а еден од Источна Германија.