
Гробари ќе мора да навиваат за Ц. Звезда ако сакаат Партизан да игра во плејин!
Црно-белите сега мораат да победат против Жалгирис во следното коло, а потоа и против Реал Мадрид во последното коло во Белград. Доколку успеат, ќе ја завршат сезоната со 18 победи, исто колку што моментално имаат Црвена звезда (со натпревар помалку) и Барселона. Но, конкуренцијата за плеј-ин е силна. Партизан директно се бори со Анадолу Ефес, Париз и Армани, а исходите од нивните натпревари ќе бидат клучни. Во таа борба, навивачите на Партизан ќе мора да навиваат за Црвена звезда, која ќе се соочи со Реал, како и на Ефес во 33. коло.
„Кралевите“, пак, ќе играат против двата најголеми српски ривали – Партизан и Црвена звезда – како и против директниот конкурент Париз. Францускиот тим има две тешки гостувања кај Панатинаикос и Реал, а во последното коло ќе биде фаворит против последнопласираната Алба.