
Хаос на мал фудбал во Црна Гора – на двајца играчи им се скршени нозете (ВИДЕО)
Во инцидентот двајца играчи се здобија со скршени нозе, а случајот е пријавен во полиција. Конфликтот започнал во моментот кога Немања Тмушиќ постигнал четврти гол за „Муриќ компани“. По ова, противничкиот тим тргнал во брза контранапад, при што голманот на „Карабушко“, Енис Хот, остро стартувал врз противникот.
Во тепачката најлошо поминале Хот и Тмушиќ, кои се здобиле со скршени нозе. Иако полицијата е запознаена со случајот и спроведува истрага, двата тима одбиле да поднесат пријави едни против други.