Ѓоковиќ собори уште еден рекорд на Федерер

Секој настап на Новак Ѓоковиќ во последно време е нов рекорд, па исклучок не е ниту турнирот во Мајами каде српскиот ас стигна до полуфиналето.

По триумфот против Себастијан Корда, тој стана највозрасен полуфиналист Мастерсот во Мајами, во историјата. Во оваа фаза ќе настапи со 37 години и 295 дена, соборувајќи го рекордот на Роџер Федерер кој последното полуфинале на Флорида го играше со 37 години и 222 дена.

Вечерва ќе падне уште еден рекорд, но за него, освен Ѓоковиќ ќе биде заслужен и неговиот ривал Григор Димитров. Двајцата тенисери заедно ќе имаат 71 година и 262 дена со што ќе бидат највозрасните противници во полуфинале во Мајами.