
Тренерот на Олимпијакос ги загуби нервите и тргна да се тепа со навивач (ВИДЕО)
Плејофот одамна е обезбеден, а тимот од Пиреја ќе ја има и предноста на домашен терен во четвртфиналето, но на навивачите не им се допаѓа низата од три порази која кулминираше синоќа на дуелот со Монако. Навивачите почнаа да го исвиркуваат Јоргос Барцокас, но еден од нив, според зборовите на тренерот, го опцул додека тој заминуваше кон соблекувалната.
Барцокас тотално побудале и се врати да се тепа со нервозниот навивач. Брзо реагираше обезбедувањето кое спречи блиска средба, а грчките медиуми објавија дека навивачот бил приведен од полицијата, а потоа пуштен на слобода.