
Ширер му предложи напаѓач на Ливерпул: Тој има добри шанси да го урне мојот рекорд!
Ширер е рекордер во Премиер лигата со 260 постигнати голови, додека Кејн застана на 213 погодоци пред да замине во Баерн Минхен.
„Летово Ливерпул ќе биде во потрага по центарфор и нема дилеми дека Хари Кејн би бил одлична опција за нив. Секогаш сум велел дека ако се врати,ќе има добри шанси да го подобри мојот рекорд во постигнати голови“, изјави Ширер.
Реномираниот „Билд“ неодамна пишуваше дека Кејн во јануари некој клуб имал можност да го доведе Кејн за 67 милиони евра бидејќи толку изнесувала неговата откупна клазула, додека идниот јануари таа ќе изнесува уште помалку 54 милиони евра.
Кејн игра фантастично за Баерн Минхен и е на прагот да ја освои својата прва титула.