Перез веќе има план: Реал Мадрид со 110 милиони евра може да ги реши сите проблеми

Претходно се пишуваше дека Реал Мадрид напредува во преговорите со Трент Александар-Арнолд и Дин Хјусен, а според најновите информации блиску до договор со „крлаевите“ е и Мартин Зубиаменди.

Нападот на Реал Мадрид е доволно силен и тука во летото кое следи не се очекуваат засилувања, но потребно е Перез да ги засили средниот ред и одбраната.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид го преземал водството во трката за потписот на Мартин Зубиаменди кој преговараше со Арсенал.

Наводно, во Реал Мадрид во Зубиаменди гледаат идеално решение за проблемите во средниот ред.

Тони Крос замина во пензија, Лука Модриќ не е далеку од истата и поради тоа јасно е дека Реал тука мора да се засили.

Не треба да се заборави и дека Зубиаменди во својот договор има откупна клазула која изнесува 60 милиони евра. Клазула во договорот има Хјусен од Бурмут и неговата изнесува 50 милиони евра, додека Арнолд би пристигнал како слободен фудбалер. На тој начин Реал Мадрид со 110 милиони евра би завршил огромна работа и би ги пополни речиси сите „дупки“ во тимот.