
Судиите во Италија пред навивачите ќе ги објаснуваат одлуките на ВАР-системот!
Овој експеримент се однесува само на последните натпревари од италијанскиот Куп, а информацијата ја соопшти фудбалскиот сојуз на Италија.
„Дадовме зелено светло за експериментот со објаснување од страна на главниот судија по користење на ВАР-технологијата“, се вели во соопштението.