Скромен учинок на Шортс во победата на Париз

По двата порази екипата на Париз им се врати на победите во француското првенство и вечерва со 79-87 славеа на гостувањето во Стразбур.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс имаше скромен поентерски учинок од 11 поени, но додаде уште пет скокови и осум асистенции. Најефикасен кај Париз беше Вард со 18 поени, додека косовскиот кошаркар Артис за домаќините постигна поен помалку.

Кога е натпреварот во прашање, Стразбур беше подобар противник по првото полувреме имаше предност од 41-35, но Париз со подобра игра во вториот дел, посебно во последната четвртина успеа да го сврти натпреварот во своја корис и да слави победа.