Алисон го пропушта големото дерби, се здобил со потрес на мозокот

Aнглиските медиуми објавија дека голманот на Ливерпул, Алисон Бекер се вратил во клубот откако во настапот за Бразил се здоби со незгоден удар.

Бекер беше заменет во 78. минута во натпреварот против Колумбија по судирот кој го имаше со фудбалерот на Галатасарај, Девисон Санчез.

Во таа ситуација 32-годишниот голман се здобил со повреда на главата и бил заменет поради сомнежи за потрес на мозок.

Докторот на Бразил извести дека Алисон се чувствувал добро и не изгубил свест, меѓутоа превентивно било одлучено да продолжи со испитувањата во Ливерпул.

Тоа значи дека ќе го пропушти големото дерби во квалификациите за Светското првенство против Аргентина кое на програмата е на 26 март.