Прва пол-позиција за Пјастри, Расел ги шокира Верстапен и Норис во Кина!

Австралискиот возач, Оскар Пјастри, ќе стартува од пол-позицијата на главната трка во шампионатот на Формула 1, откако беше најбрз во утринските квалификации за Големата награда на Кина возејќи во болидот на Мекларен.

Ова е прва пол-позиција во неговата кариера во Ф1, а до него од првиот ред ќе стартува Џорџ Расел од Мерцедес, кој приреди изненадување. Пјастри, кој на патеката во Шангај забележа најдобро време во третата квалификациска сесија (1:30,641 минути), минатата сезона двапати стартуваше од првата позиција, но само во спринт трките. Раселм пак, во последниот круг во последната квалификациска сесија задоцни само 82 илјадити делови од секундата, осигурувајќи си место во првиот ред. Од вториот ред ќе стартуваат неговиот клупски колега, Ландо Норис, победникот на трката во Австралија и актуелниот шампион Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул.

Во третиот ред се најдоа возачите на Ферари – Луис Хамилтон, кој победи во спринтот во Шангај и Шарл Леклер. Одлични квалификации имаа и возачите на Рејсинг Булс, Исак Хаџар и Јуки Цунода, кои се пласираа на седмото и деветтото место, додека меѓу нив се најде Андреа Кими Антонели од Мерцедес. Топ 10 го комплетира Алекс Албон од Вилијамс.

Главната трка за Големата награда на Кина ќе започне в недела во 8 часот по средноевропско време.