Шок на стартот на мастерсот во Мајами – испадна Карлос Алкараз (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас, го заврши настапот на мастерсот во Мајами по првиот одигран меч, откако загуби од Белгиецот Давид Гофан со 2-1 во сетови (7-5, 4-6, 3-6).

Третиот тенисер во светот и покрај добриот старт не успеа да го избегне поразот. Во првиот сет успеа да направи брејк во завршницата и да го освои со 7-5, но потоа неговата игра се распадна. Гофан, 55. на АТП-листата, возврати со брејк при резултат 4-4 во вториот сет, кој потоа го затвори со 6-4. Во третиот сет продолжи со одличната форма, рано направи брејк и рутински го приведе мечот кон победа.

Ова е втора победа на Гофан во четирите меѓусебни дуели со Алкарас, а првата ја оствари во 2022 година на турнирот во Астана. За Алкарас, ова е уште еден разочарувачки настап на американско тло, по поразот од Џек Дрејпер во Индијан Велс.

Во следното коло, Гофан ќе се соочи со Американецот Брендон Хакашима. Во останатите мечеви одиграни во ноќта меѓу сабота и недела, победи забележаа Томи Пол, Франциско Серундоло и Себастијан Корда.