
Оклахома сити тандер по 12 години повторно ќе биде шампион на Западот!
„Громовите“ со ова ја продолжија својата доминантна серија, обезбедувајќи ја петтата победа по ред, која в оедно е и 12-та во последните 13 натпревари. Со овој триумф, Оклахома има најдобар биланс во целата лига (58 победи и 12 порази), надминувајќи го Кливленд, кој синоќа беше поразен. Второпласираниот Хјустон Рокитс има биланс 46-25, што значи дека Тандер има разлика од 12 победи на само 11 натпревари до крајот на основниот дел. Ова дополнително ја зацврстува кандидатурата на Шеј Гилџес Александер за најкорисен играч (МВП) на сезоната.
Оклахома Сити тандер, кој првично беше основан како франшиза во Сиетл во 1967 година, петти пат во својата историја го освојува првото место во Западната конференција. Првиот ваков успех го забележа во 1979 година, кога ја освои и својата единствена шампионска титула. Во 1994 година тимот сензационално испадна во првата рунда од плејофот, а во 1996 стигна до финалето и загуби од Чикаго Булс, обете за време на престојот во Сиетл. А во 2013 година, откако франшизата се пресели во Оклахома, тимот беше елиминиран во полуфиналето на Западот од Мемфис.