Ѓоковиќ дозна кога го игра првиот меч во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го одигра првиот натпревар на мастерсот во Мајами в петок против Ринки Хиџиката.

Ѓоковиќ во првото коло беше слободен, додека во второто ќе се соочи со ривал против кого има играно само еднаш, и тоа на турнирот во Бризбејн каде што славеше со 6-3 и 6-3.

Хиџиката на стартот на турнирот беше подобар од Хамад Меѓедовиќ со 7-5, 3-6 и 7-5.

Организаторите на турнирот најавија дека дуелот ќе се игра по 17 часот.