
Закажано дербито Пелистер-Вардар, нема да е во вечерен термин!
Пелистер и Варар ќе се сретнат на стадионот „Петар Милошевски“ во рамките од 25. коло, а иако постоеа најави дека натпреварот ќе се игра во вечерен термин, сепак тоа нема да биде случај.
Натпреварот е закажан за 29 март (сабота) во терминот од 15:00 часот.
На претходното дерби кое се играше во Битола, Пелистер славеше минимална победа со голот на Мирко Ивановски.