Преговорите започнале: Алегри наскоро се враќа на клупата?

Искусниот италијански стратег Масимилијано Алегри и понатаму чека прифатлива понуда за да продолжи со работа, а според последните најави би можел да се врати на клупата на Милан.

Веќе одредено време во медиумите се пишува дека Сержо Консеисао може набрзо да заработи отказ, а наводно претставници на Милан веќе имале телефонски разговор со Алегри.

Исто така, медиумите во Италија пренесуваат дека Алегри се сретнал со Фабио Партичи кој е еден од кандидатите за нов спортски директор на Милан.

Консеисао веројатно заминува на крајот од сезоната, но можеби и порано доколку раководството процени дека потребно е побрзо да се случи промена.

Ќе потсетиме, Алегри во 2014 година веќе успеа да освои Скудето со Милан.