Штипски рецепт како да се уништи млад фудбалер

Maтеј Георгиев кој до пред неколку години важепе за еден од најголемите таленти во младинските категории денеска не е дел од фудбалот, а како што самиот вели за „Штипски асови“ виновници се директорите во Брегалница.

Георгиев додека го носеше дресот на генерациите до 16 и 19 години беше и капитен на овие репрезентации, но подоцна одлучил да го напушти фудбалот и да продолжи во друг правец.

Од фудбалот Георгиев се откажал пред една година и денес на 21 година работи нешто сосема друго, Претходно во редовите на Брегалница помина четири години каде што во еден период играл и три натпревари неделно. 

„Една година  не играм фудбал. Се откажав. Бев 4 години во Брегалница, не ми дадоа  шанса да играм за првата екипа. Секоја недела играв по три средби за  младинската и кадетската екипа. Двајца директори  кои и сега се во Брегалница (познати на Редакцијата), ја уништија мојата фудбалска кариера. И што е најлошо  кога побарав исписница ми побараа  60 илјади денари. Видов дека во Брегалница нема перспектива Сега почнав да работам  Се спасив Се откажав од фудбалот Со вакви луѓе , Брегалница нема никогаш да ја биде...“, изјави Георгиев за „Штипски асови“.