Англија ослабена на стартот од квалификациите - отпадна ѕвездата на Челси

Репрезентацијата на Англија е една од ретките светски гиганти кои ќе ги почнат квалификациите за Светското првенство овој месец бидејќи минатата сезона настапуваше во Б-Лигата на нации.

В петок, „Гордиот Албион“ ја пречекува Албанија, а потоа и Летонија што не би требало да претставува проблем за оваа репрезентација. Сепак, на стартот, односно на своето деби, Томас Тухел нема да може да смета на фудбалерот на Челси, Кол Палмер.

„Палмер се врати во клубот од репрезентативниот камп поради повреда на мускулот која ја доживеа на неделниот тренинг на екипата. Поради таа повреда не играше ни против Арсенал, а ќе ги прескокне и дуелите со Албанија и Летонија“, објави Челси.

Во оваа група се уште репрезентациите на Србија и Андора со тоа што „орлите“ ќе почнат во јуни бидејќи месецов играат бараж во Лигата на нации против Австрија.