
Ѓоковиќ конечно избра меѓу Надал и Федерер
Федерер, Надал и Ѓоковиќ имаат многу фанови низ светот и тие се во константна „расправија“ околу најдобриот. Пред стартот на Мастерсот во Мајами, на таа тема проговори српскиот ас и конечно стави крај на дилемите кој е, според него, ГОАТ.
На прво место во неговиот избор е Рафаел Надал, потоа следува Роџер Федерер, па неговиот идол Пит Сампрас, на четвртото место е Андре Агаси и топ-5 го затвори со својот актуелен тренер Енди Мареј.
Ѓоковиќ е во очекување на својот прв настап во Мајами по пауза од шест години. Последниот меч го одигра пред десетина дена во Индијан Велс кога сензационално загуби од Ван де Зандшулп во второто коло, а титула нема освоено од ноември 2023 година.