
„Ова е најмалку што можеме да направиме за жртвите од Кочани и за Македонија!“
Генералниот директор на црвено-белите, Звездан Терзиќ, во официјално соопштение потврди дека српскиот шампион ќе гостува во македонската престолнина на 16 април, каде што ќе одигра пријателски меч против Вардар. Приходите од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на жртвите.
„Длабоко сме потресени од трагедијата во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои ни помогнаа да ја организираме оваа иницијатива. Ова е најмалку што можевме да направиме за нашата братска Македонија во овие тешки моменти“, изјави Терзиќ.
Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев, во изјава за „Спорт Клуб“, се заблагодари на Србија и Црвена звезда за солидарноста, нагласувајќи дека овој чин е доказ за силната врска меѓу двата народа.