Мбапе се исмева со Родри: Ви личи ли на фудбалер за „Златна топка“?

Доделувањето на последната „Златна топка“ на Родри од Манчестер сити предизвика големи контроверзи и жестоки реакции од сите страни, а посебно од Реал Мадрид кој очекуваше престижната награда да ја добие Винисиус Жуниор.

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го прекина молкот на оваа тема и реши да зборува за „Златната топка“.

„Што значи да бидеш играч кој ја освои ‘Златната топка’? Дали Родри ви изгледа како таков фудбалер? Мислам дека Винисиус ја заслужи наградата“, кажа Мбапе.

Веќе се зборува за „Златната топка“ која треба да биде доделена за 2025 година, а во моментов фаворит е Осман Дембеле од ПСЖ.