Фонсека ја прослави новата титула со скок во базен (ВИДЕО)

Талентираниот бразилски тенисер Жоао Фонсека загуби во второто коло од мастерсот во Индијан Велс, но веднаш потоа настапи на челинџер-турнир во Феникс и ја освои титулата.

Откако славеше против Александер Бублин со 7-6 и 7-6, Фонсека реши да прослави со скок во базен.

„Ова ми е трета титула на челинџерите, пресреќен сум. Многу ми е важен овој успех по поразот од Дрејпер на Индијан Велс“, кажа Фонсека.